Топлинска изолација
Кога станува збор за топлинска изолација на објект, прозорците и вратите представуваат најбитен факторт. Со правилна примена на голем број мерки може да ги искористите најголемите енергетски потенцијали.
VEKA профилите подразбираат спроведување на стандардите пропишани со законите за топлинска изолација како за нова градба, така и за реновирани објекти. Исто така, многу лесно ќе се постигнат високи стандарди, утврдени со новите правила за зачувување на енергијата (EnEV).
Кога станува збор за топлинска изолација на прозорците, најважната ставка е коефициентот на пренос на топлина (т.н. U-вредност). Со користење на специјални термо стакло и висококвалитетни VEKA-PVC профили и нивната повеќекоморна технологија се постигнуваат оптимални резултати.
VEKA прозорците не ги исполнуваат сите овие барања само со нивниот атрактивен дизајн туку со нивните извонредни внатрешни вредности: издржливост, најдобар изолациски повеќекоморен систем ги намалуваат трошоците за греење и обезбедуваат максимална заштита и безбедност. Оптималната заштита од бучава го зголемува квалитетот и нивото на удобност а материјалот е лесен за одржување, водоотпорен, стабилен и дава атрактивен изглед на прозорецот. Металните засилувања кои се компатибилни со VEKA системите гарантираат високо ниво на безбедност.