Фигура 7 копия 4 Untitled-1
  • VEKA Профили
Станете VEKA партнер

Оној кој денес сака да биде успешен на пазарот на столарија мора да има еден силен партнер. Еден партнер кој не само што испорачува првокласни производи туку и обезбедува комерцијална и маркетинг поддршка. ВЕКА е тој силен партнер. Како светски број 1. во производство на прозорските системи од ПВЦ, VEKA гарантира оптимален квалитет и голем број профили прилагодени на потребите на професионалното производство. Разновидноста на дизајнот со која можете да ги исполните дури и најсложените желби во форма и боја е уникатна.

Конструктивна соработка со нашите партнери за производство е тема за посебна пофалба. Покрај тоа, сега исто така продажбата е помогната со маркетинг поддршка. Од атрактивни продажни проспекти па се до реклами VEKA нуди сè што ја забрзува продажбата и им дава на своите клиенти јасна предност во однос на конкуренцијата.


Кога сте партнер на VEKA за прозорски системи, вашите клиенти ја добиваат најдобрата и најразновидната понуда.

Вашите крајни рокови ќе бидат испочитувани, благодарение на логистичкиот центар ВЕКА, уникатен на пазарот на столарија. Стандардните бои се испорачуваат за само 7 дена а боите по специјална порачка најмногу до 20 работни дена. Профилот од 70 mm, составен од две линии на дизајн SWINGLINE и SOFTLINE 70 , VEKA ги надополнува со новите SOFTLINE 76, ARTLINE и SOFTLINE 82 систем.

Профилите на VEKA се синоним за најсовремена технологија, супериорен квалитет, практично неограничени можности за дизајн и високо ниво на економичност. Со своите партнери, VEKA обезбедува голем број релевантни услуги, од електронска обработка на податоци, преку бесплатен превоз до вашата работилница, до поединечна маркетинг поддршка.

Ова е она што го прави VEKA партнерот уште поуспешен.



Дознајте за придобивките што ги добивате како партнер на VEKA. Контактирајте не, со задоволство ќе организираме состанок или побарајте не на Интернет адреси:
www.veka.com, www.veka.de, www.veka.ba

Принципи на партнерство

Од своето основање, па се до денес компанијата VEKA AG е семејна компанија со моментно околу 1.200 вработени со седиштето на компанијата во Sendenhorst-во, и чија цел е да сигурно и пријателски одговори на желбите и потребите на своите клиенти.

Ние нудиме системски решенија за производителите на столарија, кои се сигурен клуч за успех. VEKA AG може да понуди широк спектар на висококвалитетни и на меѓународно ниво сертифицирани профилски системи, обезбедува и многу повеќе: индивидуални услуги - во секој поглед можете да се потпрете на водечките производители на ПВЦ профили со 36 години искуство во индустријата и know-how услуги.

Ние сме во можност да помогнеме на секој партнер на VEKA покрај врвни производи и услуги за испорака преку обезбедување индивидуална поддршка според најновите принципи на современиот бизнис. Зада Вашата компанија може да се посвети на бизнис целите, ние сме тука да ви помогне во сите области на бизнисот: и во секојдневното работење и подобрување на производството, како и поддршка во продажба и развој на стратешките цели на вашата компанија.


VВашите предности како VEKA партнер:

• Директна испорака до седиште за производство во макс. седум дена

• Техничка поддршка за сите видови профили

• Техничката поддршка на VEKA на терен ги решава проблеми и го оптимизира производството

• Личен тим на ЕДВ консалтинг и сервис за поддршка

• Сеопфатни семинари за партнери и годишен семинар за клиенти

• Обука на вашите вработените и воведување во работа во техничкиот центар

• Индивидуална маркетинг поддршка, поддршка во деловната стратегија за продажба, ПР, Интернет

• Поддршка на јавни тендери

• "V +", програма за маркетинг и продажба, специјално дизајнирана за реновирање.

• Поддршка при продажба и дизајн користејќи дигитални медиуми: CD-ROM за производители, систем-CD-ROM или оваа веб-страница

• PR- und Lobby бизнис на пазарот на ПВЦ столарија и многу други релевантни услуги


Наш бизнис предлог за вас:

Вашето лично производство на столарија



Ако сакате да станете производител на ПВЦ столарија, може целосно да се потпрете на нашата поддршка - од совети за уредување на производниот простор и изложбен салон, до обука на вашите соработници. Ние ќе ве подготвиме за борба против конкуренцијата. Од нашата посветеност ќе профитирате секој ден. Постанете VEKA партнер за да успете со гордост. Контактирајте го вашиот регионален претставник уште денес.