Фигура 7 копия 4 Untitled-1
  • VEKA Профили

VEKA Квалитет

Висококалитетни профили класа А


Надворешните ѕидови на профилот на прозорците и вратите се најважниот фактор во квалитетот и функционалноста па затоа европскиот стандард DIN EN 12608 ги дели профилите на класите A, B и C според дебелината на надворешниот ѕид.

За жал, Здружението за обележување на RAL квалитет не врши повеќе класификација на ПВЦ профили, така што од 2014 година има само RAL ПВЦ профил сертификација.

Барањата за профилите од класа А се многу високи: пропишаната дебелина на надворешните ѕидови на овие профили е 3 mm (дозволена толеранција од 0,2 mm), што претставува 10% подебели ѕидови од класата B. Во производството на прозорецот, поточно заштрафување во жлебот и спојувањето на профилот оваа разлика се зголемува и надминува 20%.


ПВЦ - идеален материјал


Компанијата VEKA е специјализирана за работа со модерни ПВЦ суровини, кои нудат предности не само во економска туку и во еколошка смисла. ПВЦ материјалот е исклучително долготраен, поради неговата исклучителна отпорност на временски услови и неговата издржливост.

Нема дополнителни трошоци за фарбање, бидејќи нивната мазна површина е многу лесна за одржување. Покрај тоа, ПВЦ материјалот се карактеризира со исклучителна отпорност и високи изолациони својства. Во исто време ПВЦ ја штити животната средина: основна деловна практика на компанијата VEKA е да ја зачува животната средина а реализацијата на овој принцип е видлива како во производсвениот процес така и во активноста поврзана со рециклирање.


Топлинска изолација


Кога станува збор за топлинска изолација на објект, прозорците и вратите представуваат најбитен фактор. Со правилна примена на голем број мерки може да ги искористите најголемите енергетски потенцијали.

VEKA профилите подразбираат спроведување на стандардите пропишани со законите за топлинска изолација како за нова градба, така и за реновирани објекти. Исто така, многу лесно ќе се постигнат високи стандарди, утврдени со новите правила за зачувување на енергијата (EnEV).

Кога станува збор за топлинска изолација на прозорците, најважната ставка е коефициентот на пренос на топлина (т.н. U-вредност). Со користење на специјални термо стакло и висококвалитетни VEKA-PVC профили и нивната повеќекоморна технологија се постигнуваат оптимални резултати.

VEKA прозорците не ги исполнуваат сите овие барања само со нивниот атрактивен дизајн туку со нивните извонредни внатрешни вредности: издржливост, најдобар изолациски повеќекоморен систем ги намалуваат трошоците за греење и обезбедуваат максимална заштита и безбедност. Оптималната заштита од бучава го зголемува квалитетот и нивото на удобност а материјалот е лесен за одржување, водоотпорен, стабилен и дава атрактивен изглед на прозорецот. Металните засилувања кои се компатибилни со VEKA системите гарантираат високо ниво на безбедност.


Звучна изолација


Соодветната заштита од бучава придонесува за подобар квалитет на домувањето. Според најновите медицински испитувања, високо ниво на бучава може да доведе до здравствени проблеми.

Доколку бучавата и за Вас представува проблем, тогаш нашите прозорци се вистинското решение за вас. Со VEKA профилните системи во вашиот дом повторно ќе имате мир. Од една страна, бидејќи тие имаат извонредни изолациски карактеристики, а од друга затоа што во нив е вградено посебно стакло. Во зависност од интензитетот на бучавата, постојат дополнителни опции за оптимизација, како што се прозорци во кутија. Профилите на VEKA го штитат вашиот дом од сите видови на бучава.


Безбедносна заштита


Прозорците, влезните и балконските врати или вратите од терасата се многу важни за безбедноста на Вашиот дом. Профилите на VEKA обезбедуваат високо ниво на безбедност: изработени се од цврст ПВЦ а и според VEKA стандардите за производство дополнително опремени се со челично појачување како во крилото така и во касата. Сето ова ги прави постабилни и поотпорни, доколку се направи обид за насилно отворање. Покрај тоа VEKA влезната врата е опремена со дополнителни засилувања во аглите на вратата. Влезните врати од профилот VEKA имаат дополнително засилување на аглите.

Исто така, во профилот на VEKA дополнително може да се вгради посебен вид стакло и оков, со што се постигнува максимална безбедност од кражба. Само важно е профилот, стаклото и оковот да бидат компатибилни.

Специјално безбедносно стакло ги спречува крадците да го разбијат стаклото и да ја постигнат својата цел. Ова стакло се состои од повеќе стакла, споени со фолија, отпорни на притисок. Кога ќе се оштети стаклото фолијата е таа што не дозволува распаѓање на стаклото и отворот останува затворен.

Со комбинирање на различните дебелини на стакло и слоеви на фолија се постигнува различно ниво на безбедност, а избор ќе направите според вашите лични потреби: заштита од кражби, провална кражба со силен притисок на крилото на прозорецот или од силен удар.

Оковот на прозорците се користи за движење и контрола на прозорецот со користење на различни функции, како што се отворање, затворање и кипање. Покрај тоа оковот има големо значење во заштитата од кражба. Со дополнителни точки за заклучување, безбедносни печурки и рачки на прозорците со функција за заклучување невозможно е насилно да се отвори прозорецот.


Долготрајност и одржувањето


VEKA профилите се направени од висококвалитетен ПВЦ сигурен и исклучително издржлив материјал. Специјалната технологија и континуирана контрола на квалитетот постигнуваат високо ниво на стабилност и отпорност дури и во екстремни климатски услови. Затоа VEKA прозорските системи се лесни за одржување, а нивниот атрактивен изглед е траен.

На профилите не ни е потребно фарбање. Ова е факт и не е само практичен тој исто така ви заштедува пари што ќе ги потрошевте за фарбање.

Исто така, висококвалитетни PVC профили го олеснуваат чистењето. Поради нивната рамна површина тие се повеќе од лесни за одржување - тие треба само да бидат избришани со благо средство за чистење и вода. За поголеми нечистотии и одржување на гума и оков Ви препорачуваме специјални VEKA средства за одржување.


Заштита на животната средина


Компанијата VEKA придонесува кон зачувување на животната средина: од производствениот процес до рециклирањето на старите прозорци тоа е составен дел на деловната филозофија на оваа компанија. Кај комплексни индустриски процеси, може да се постигне максимално влијание врз животната средина.

ПВЦ материјалот како пријател на животната средина нуди големи предности. Овие предности се видливи почнувајќи од производствениот процес кој со најмодерна технологија, е предмет на сите стандарди за заштита на животната средина, и продолжува со процесот на обработка, кој се карактеризира со заштеда на енергија. Поврзаните процеси ја намалуваат потрошувачката на енергијата и вода. Дождовната вода која се собира во соодветен простор во рамките на компанијата, се прочистува од остатоците од гума и масло и повторно се користи во внатрешниот систем за водоснабдување.

VEKA AG исто така води и во областа на рециклирање на старите прозорци и врати, во 1993 година во Beringen, Германија, беше отворена најсовремена фабрика во Европа за рециклирање на ПВЦ прозорци VEKA Umwelttechnik. Со целосно автоматизиран процес повторно се добива чист ПВЦ материјал кој без никакво губење на квалитет повторно се користи во производството на нови профили. Старите градежни елементи на тој начин стануваат вредни суровини и не завршуваат на депонијата.

Во јуни 2002 година, VEKA AG основа нова компанија, Rewindo GmbH. Целта на оваа компанија е да ги координира , собира податоците и да го контролира доброволниот ефект во европската ПВЦ индустрија за повторна употреба на суровини од стари прозорци изработени од ПВЦ и отпад во производството на ПВЦ прозорци поточно прозорски профили и слични производи.