Вратите и прозорците во боја даваат посебен шарм за секој дом. Компанијата ВЕКА нуди широк спектар на бои и текстури на "дрво" кои можат да го задоволат вкусот и на оние кои се најпребирливи, Можете да ја изберете бојата на прозорецот во согласност со бојата на фасадата на вашата куќа или зграда. Фолијата во боја може да се постави на една или на двете страни и да дозволи безброј комбинации, ако сакате бојата на внатрешноста на прозорецот да биде различна од надворешната страна.
Спектар бои



Упатство за одговорно чистење и одржување
VEKA профилите со врвен квалитет се многу трајни а нивната мазна површина е постојана и отпорна на сите временски услови.Со желба да долго низ годините без поголем напор одржувате вредност и уживате во атрактивниот изглед на Вашиот прозорец, врата и ролетна неопходно е да се придружувате на упатството за чистење и одржување во прилог.Кои средства за чистење ги користите¬?
• Идеално средство за чистење на профилите е мека крпа, млака вода и pH-неутрално средство за чистење на база на сапун , препоручуваме без боја и мирис.Најчесто е доволно само редовно чистење со млака вода.
• Во случај на груба нечистотија користете проверено средство за чистење специјално наменето за PVC профили, слично на она од VEKA сетот за чистење
• Во никој случај не смеете да користите абразивни средства за чистење или груби сунгери, крпи или четки за чистење и триење.
• Истотака никогаш не смее да се користи јака киселина и разредувач.Ова средство може трајно да ја оштети површината на профилот.
• Не користете чистачи на пареа, бидејки топлата пареа може да го омекне PVC.
На кој начин чистите ?
• Задолжително треба да исчистите секој пат кога на површината на профилот ќе се појави видлива нечистотија. Во спротивно наслагите од нечистотијата во контакт со дожд може да остават трајни оштетувања.
• Поголем број од средствата за чистење не представуваат опасност кога ке дојдат во контакт со профилот, но доколку многу често се употребуваат може да предизвикаат оштетување. Затоа е многу важно да после чистење го исплакните профилот само со вода како би ги одстраниле сите остатоци од средството за чистење, Исто така е задолжително чистење доколку дојде прфилот во контакт со крема за сончање бидејки во спротивно може да дојде до трајни и видливи промени на површината на профилот.
• Од самиот почеток секогаш користете средство кое е наменето за чистење на пвц профили и мека крпа.Оштетувања може да настанат како последица од неправилно чистење и обично тоа се забележува после подолг временски период па затоа брзите тестирања на средствата на некој скриен дел на профилот нема смисла.