Фигура 7 копия 4 Untitled-1
  • VEKA Профили
Мисија и Визија

Желбата, довербата, барањата и потребите на нашите клиенти претставуваат централна ориентација на нашиот бизнис. Како компанија која работи надвор од националните граници и континенти, нашата цел е да се прилагодиме на индивидуалните потреби на нашите клиенти.

Под поимот "купувач" подразбираме не само директни побарувачи (корисници) на нашите производи, производители на прозорци и трговци, туку и градежници, претприемачи и архитекти, кои во своите објекти ја вградуваат столаријата од нашите профили.

Со цел да ги задоволиме потребите на различни групи клиенти, нашата компании ги почитуваат високите стандарди во однос на квалитетот на производот, услугата и сеопфатната сервис. Нашиот бизннис со клиентите како и со добавувачи првенствено се заснова на взаемна доверба и почит како и пријателско партнерство.

Деловната култура на VEKA AG е исто така одговорност за животната средина, не само во изборот на висококвалитетни суровини и производствени процеси, туку и во развој на производи и повеќестрани активности во областа на рециклирањето.

Ова е VEKA квалитет

Врвен квалитет


Сите производи, сервисен пакет и партнерска соработка за врвен квалитет - ова е нашата дефиниција на стандарди за квалитет. Системот на профили со највисок стандард за квалитет - Класа А * за оптимални решенија за прозорци и супериорна услуга, нас не разликува од конкуренцијата. Сето ова е основа на заеднички успех со нашите партнери. * Според DIN EN 12608

Системи на иднината


Сите наши сегашни и идни стратегии, производи / системи и сервисни дејности имаат само една цел: да им обезбедиме на нашите партнери долгорочна безбедност и ориентација а во иднина VEKA ќе биде нивниот сигурен снабдувач на системи за профил.

Иновативна технологија


VEKA поттикнува нови идеи и започнува водечки технологии и на тој начин станува "иновативен мотор" во целата индустрија, на пр. VEKA SPECTRAL – нова технологија за завршна обработка на површината на профилот или мултифункционален систем SOFTLINE 70 MB.

Интелигентни решенија


Прозорецот како мрежен елемент на градењето на интелигентен систем и релевантен елемент на идејата за футуристички паметни домови: за нас повеќе не е само визија, туку реалност. Ние сакаме активно да учествуваме во развојот на дигитализацијата на нашата индустрија со концепти како што се IPS - Intelligent Product Solutions .VEKA ја претставува идејата за примена на "Industrie 4.0 Индустриска револуција 4.0" во дејноста столарија.

Одржливост


Со помош на делот VEKA Umwelttechnik веќе 20 години се реализира идејата за рециклирање која е прифатена од сите комисии. Исто така континуирано се применуваат процесите на циркулација на енергија и заштеда на природни ресурси во производството и набавката. Во ова, VEKA е пионер во смисла на одржливост и "кружна економија" што бара сегашната политика.

Сигурност


VEKA посебно внимание посветува на партнерство и долгорочните заеднички вложувања. Нашите пријателски односи со партнерите и добавувачите е вистински показател за тоа што може да се очекува.

Семејна компанија


VEKA е и останува семејна компанија. Во Германија, VEKA се вбројува во ТОП 500 најуспешни семејни - ова е потврда за успех и во исто време обврска за сите други генерации.


Гаранција за квалитет

Сите производи на VEKA ги имаат потребните сертификати и може да се користат во сите климатски зони, вклучувајќи ги и регионите на далечниот север и областите со брза континентална клима, висока влажност и прекумерни ветерни оптоварувања.