Фигура 7 копия 4 Untitled-1
  • VEKA Профили

Кондензација на стаклени површини


На стаклото најчесто се појавуваат три вида на кондензација:

- Површинска кондензација на внатрешната страна се создава ако релативната влажност во просторијата е висока и / или ако температурата на внатрешната страна на стаклото е ниска, под вообичаените услови во просторијата (загреана зграда без конкретен извор на влага) - овој тип на кондензација многу ретко се формира кога има двојно стакло со најдобри карактеристики и со топлотен дистанцер.

-Површинска кондензација на надворешната страна понекогаш може да се појави во зори кај двојно застаклување со врвен квалитет, но само после јасна и тивка ноќ под следниве услови – без разлика на топлинската изолација со високи перформанси на двослојно или трослојно стакло, надворешниот прозорец се лади до местото каде што на надворешната страна формира кондензација. Ова е привремена појава и ја докажува ефикасноста на изолацијата на стаклото.

 

- Кондензација во двослојното стакло - ефективноста на средството за сушење и водоотпорни бариери го одредува животниот век на стаклото. Ако средството за сушење престане да биде ефективно или ако запечатувачот повеќе не обезбедува херметичност, кондензацијата ќе се формира внатре во стаклото и тоа мора да се замени.

Покрај температурата, влажноста на воздухот во дневната или работната соба представува една од најважните елементи кои влијаат на атмосферата што е погодна за живот и работа. Доколку влагата во просторијата е ниска, респираторниот тракт се суши и ова предизвикува стрес. Доколку влагат во просторијата е висока исто така е несоодветна. Идеални вредности на влажност се помеѓу 30 до 65% релативна влажност.

Текстот е земен од списанието: Прозорци и врати

Автор: Dr Dragan Škobalj