Фигура 7 копия 4 Untitled-1
  • VEKA Профили

Повеќе уживање со новите VEKA прозорци

Правилo проветрување и греење

- Корисни совети 
- Како да заштедите енергија и да спречите штетни промени

Новите прозорци заштедуваат енергија и ја штитат животната средина

Современите прозорци ви даваат максимална удобност и безбедност.

Комбинацијата на профили за каса , дихтунг гума и функционалното термо стакло го прави висококвалитетен високотехнолошки производ кој ги исполнува сите барања на модерната конструкција. За разлика од старите прозорци, кои никогаш не заптиваат во целосно и во чија околина секогаш е непријатно, современите прозорци обезбедуваат извонредна изолација. Некогаш прозорците биле познати како незачувувачи на енергија, додека новата генерација на прозорци одлучно придонела многу повеќе за топлинска изолација. Со тоа се намалуваат трошоците за греење и придонесува за заштеда на енергија понатаму го намалува загадувањето на воздухот, и на тој начин помага да се зачува природата.

Стакло

Вредност на термоизолација според p DIN

Температура на површина на стаклото*

Едно стакло

5,8 W/m2K

-3°C

Коефициент на термо стакло

3,0 W/m2K

+9°C

Термо стакло и + neutral R

1,1 W/m2K

+17°C

* Внатрешна температура на површината на стаклото, со надворешна температура од -10 ° C и собна температура. од + 21 ° C

 


Кај конвенционалното термо-стакло се создава непријатна ладна завеса во близина на прозорецот.

Заштеда на енергија започнува со правилниот избор на стакло 

Во однос на надворешниот изглед термо-стаклото iplus neutral R речиси не се разликува од вообичаеното термо-стакло. Со помош на непропустлив термички слој, неговата изолација е подобра за вкупно 60% во споредба со обично термо стакло. Неговата изолациона вредност Kv = 1,1 W / m²K според DIN и значително ја надминува нормата 3. Топлинска изолација значително ги намалува трошоците за греење.

Термо-стаклотот iplus neutral R не само што ја задржува топлината во просторијата, туку и овозможува зголемување на енергијата преку сончевите зраци, но исто така значително ја зголемува температурата на стаклената површина.

Врвната топлинска изолација спречува формирање на магла на прозорецот што беше случај со старите прозорци. Дополнителна предност е тоа што непријатниот ладен воздух кај прозорецот е минато.



Термо стаклото iplus neutral R не создава "ладна завеса"во стаклената област - создава подобра клима.


Честото проветрување обезбедува пријатна клима и спречува несакани промени.

Дури и во најдобрите термо-стакло може присилно да се создаде магла, ако воздухот во собата содржи голема количина на влага. Во секое домаќинство се генерира значителна количина на влага при готвење, капење или сушење на алиштата. Па дури и самиот човек кога дише испушта значително количество на пареа за 8 часа спиење се испушта околу 1 л на пареа. Во едно домаќинство со четири члена се ослободува 10 литри вода во форма на пареа дневно.

Поради дополнителното количество на вода, прекумерна количина на влажност во воздухот предизвикува ефек на кондензација. Оваа количина на влага треба со проветрување да се исфрли надвор. Ако ова влага останува во куќата, последиците се оштетување на мебел и градежни објекти (формирање на мувла). Просториите со премногу влага се лоши и штетни за здравјето.

Старите прозорци ни дозволиуваа постојано проветрување бидејќи тие не дихтуваа. Нови прозорци доколку немаат способност да се проветруваат со само-вентилациска решетки, мора редовно да се отвори со цел да се исфрли влагата надвор од собата. Исто така на овој начин во студените денови во просториите се ослободува премногу влага. Температурата во просторијата не смее да се намали под 15 ° C, бидејќи топлиот воздух може да прифати повеќе влага од ладниот воздух.

Правилно проветрување и греење.

1  Проветрувајте ја просторијата наутро 20-30 минути (ова особено важи за бањата и спалната соба)

2   Во текот на денот 3-4 пати проветрувајте ги просториите така што ќе направите промаја. Ова особено се однесува во периодот постле готвење и туширање.

   Кога ке ги проветрувате просториите прозорците не треба да бидат отворени само на кипање туку колку што е можно поотворени. Овој тип на проветрување е многу ефикасен, додека долготрајното оставање на прозорците на кипањена за време на грејната сезона ги зголемува двоструко трошоците за греење.

4    За време на проветрување се разбира се исклучуваат грејните тела..

   Загревајте ги сите соби подеднакво и бидете сигурни дека падот на температурата не надминува 5 ° C во текот на ноќта. Ова ќе ја спречи кондензација на влагата на ладените ѕидови и на таванот.

6    Соодветна проветрување помага да се заштеди енергија, да се постигне здрава клима и да се спречат штетните последици.

 

Спречете појава на мувла

      Мувлата се пренесуваа низ воздухот. Нивната идеална средина каде што претставува храна се влажните површини, како што се влажни делови од ѕидот или истурање вода на подот при капење. Најчесто тоа се аглите на собите и надворешните ѕидови на спалните, детските соби, кујната но првенствено бањите.

Најчестите места каде што нема доволно греење и циркулација на воздухот, на пример зад завесите, плакари или спојувањето на прозорците. Во овие места се создава влага и се создава т.н. површинско влажнење.

Ако се појави црна мувла тоа е јасен знак дека собата има високо ниво на влага. Најефективното сузбивање на појавата на црната мувла е сушење. Долготрајното проветрување и соодветно загревање се најдобрите превентивни мерки против мувлата и создаваат здрава клима.