Фигура 7 копия 4 Untitled-1
  • VEKA Профили

Совети за одговорно чистење и одржување


VEKA профилите со врвен квалитет се многу трајни а нивната мазна површина е постојана и отпорна на сите временски услови.Со желба да долго низ годините без поголем напор одржувате вредност и уживате во атрактивниот изглед на Вашиот прозорец, врата и ролетна Ви припремивме неколку совети за правилна употреба и одржување.

 

Кое средство за чистење го користите?
• Идеално средство за чистење на профилите е мека крпа, млака вода и pH-неутрално средство за чистење на база на сапун , препоручуваме без боја и мирис.Најчесто е доволно само редовно чистење со млака вода.
• Во случај на груба нечистотија користете проверено средство за чистење специјално наменето за PVC профили, слично на она од VEKA сетот за чистење.
• Во никој случај не смеете да користите абразивни средства за чистење или груби сунгери, крпи или четки за чистење и триење.
• Истотака никогаш не смее да се користи јака киселина и разредувач.Ова средство може трајно да ја оштети површината на профилот.
• Не користете чистачи на пареа, бидејки топлата пареа може да го омекне PVC.

На кој начин чистите?
• Задолжително треба да исчистите секој пат кога на површината на профилот ќе се појави видлива нечистотија. Во спротивно наслагите од нечистотијата во контакт со дожд може да остават трајни оштетувања.
• Поголем број од средствата за чистење не представуваат опасност кога ке дојдат во контакт со профилот, но доколку многу често се употребуваат може да предизвикаат оштетување. Затоа е многу важно да после чистење го исплакните профилот само со вода како би ги одстраниле сите остатоци од средството за чистење, Исто така е задолжително чистење доколку дојде прфилот во контакт со крема за сончање бидејки во спротивно може да дојде до трајни и видливи промени на површината на профилот.
• Од самиот почеток секогаш користете средство кое е наменето за чистење на пвц профили и мека крпа.Оштетувања може да настанат како последица од неправилно чистење и обично тоа се забележува после подолг временски период па затоа брзите тестирања на средствата на некој скриен дел на профилот нема смисла.


Упатство за одржување(PDF)