Фигура 7 копия 4 Untitled-1
  • VEKA Профили

Компанијата VEKA Group ја презеде компанијата GELAN

VEKA Group од Senderhorst од германската покраина Вестфалија, го презеде Gealan Holding GmbH на 12-ти март еден од водечките светски производители на PVC профили за прозорци и врати.

Со преземањето на својот конкурент Geelan која е добро позната, успешна и добро позиционирана компанија многу години VEKA Group значително ја зајакна својата позиција во Европа и во светот.

Andreas Hartleif, претседател на Одборот на директори на VEKA Group, по повод овој настан изјави: "Како еден од најголемите партнери на европскиот пазар за градежни работи, ние мора постојано да се соочуваме со сите предизвици на пазарот. Затоа, решивме значително да ја зајакнеме нашата позиција со преземање на нашиот конкурент, сигурни дека заедничката експертиза во областа на технологијата за производство на ПВЦ профили ќе биде наша клучна предност. Покрај тоа, оваа аквизиција исто така ќе го стабилизира и консолидира пазарот ".

VEKA Group е семејна компанија која вработува 3.600 лица во 25 експозитури на три континенти. Во Senderhorst работат илјада и триста вработени. VEKA Group e имала обрт од 793 милиони евра во 2013 година. Повеќе од 2200 партнери низ целиот свет произведуваат висококвалитетна градежна столарија од VEKA профилите.

Благодарение на купувањето на GEALAN, бројот на вработени во VEKA Group ќе надмине 4700, а прометот ќе надмине 1 милијарда евра.